недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Рестрикции: Колку прегледи се потребни за заработка

„Јутјуб“ им ја ограничува заработката на тие чиишто канали имаат помалку од 10.000 прегледи, е објавено на официјалниот блог на овој популарен американски интернетски портал за делење и размена на видеоматеријали.

Како причина ја навеле „заштитата на квалитетни автори и нивните видеоматеријали“, како и „потврдата на квалитетот на тоа што го работат“.

Новите правила се однесуваат и на новите пријави за „Јутјуб“ партнер програм, кој овозможува прикажување огласи и заработка, затоа што во „наредните неколку недели“ ќе се смени процесот на проверка на сите што првпат се појавуваат за монетизација на своите видеа.

„Јутјуб“ многу подетално ќе го проверува секој новопријавен канал за се да биде во склад со правилата и за да се одбегнат потенцијалните проблеми околу прикажување на огласите на каналите со несоодветна содржина.

Во оној момент кога одделен канал ќе достигне бројка од 10.000 прегледи, огласите автоматски ќе почнат да се прикажуваат.

Top