вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 68 ново

Ласовска: Тиранската платформа е единствениот документ што го прифатиле СДСМ за формирање мнозинство

lasovska-

На колегите од СДСМ им е многу јасно дека ова што го предлагаат е тотално неделовнички, тотално неуставно. Никој нема право да ми го одземе правото на збор, реплика и контрареплика. Граѓаните сите нас не избрале да говориме и да ги пренесуваме нивните ставови токму од оваа говорница, изјави пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката во продолжение ја информираше јавноста дека единствената причина што СДСМ ги злоупотребува процедуралните забелешки е да спречи било каква дискусија за Тиранската платформа.

– На јавноста и е совршено јасно зошто го правите ова. Ова го правите од причини што не сакате воопшто да се дискутира за Тиранската платформа. Таа е единствениот услов за формирање на владино мнозинство. Ова не е моја изјава. Ова е изјава на челниците на сите пратеници од албанскиот блок, додаде Ласовска.

Top