недела, 20 август 2017 | Вести денес: 80 ново

Во Скопје вчера 16 сообраќајки, потешко повредени пешак и мотоциклист

soobrakajka

Вкупно 16 сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, од кои во пет со повреди се здобиле пет лица, при што пешак и возач на мотоцикл се потешко повредени, а во 11 е причинета материјална штета.

Полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци и тоа кај 36 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 25 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Санкционирани се и шест возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 55 возила.

Top