петок, 18 август 2017 | Вести денес: 49 ново

Неколку делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре во одредени временски периоди ќе останат делови од општините Кисела Вода, Шуто Оризари, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, соопшти дека од 9 до 10:30 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Пушкинова“ бр.11, како и корисниците од околината, во општина Кисела Вода, а 9 до 15 часот дел од жителите на улиците „Брсјачка Буна“, „Злетовска“ и „Нов Живот“ во Шуто Оризари.

Во периодот од 9:30 до 13 часот без напојување на електрична енергија ќе останат дел од корисниците од населбата Гоце Делчев на потегот од Шамак до Џаде во општина Гази Баба, а од 10 до 13 часот, корисниците од улицата „Браќа Чакреви“ од бр.01 до бр.15 во општина Ѓорче Петров.

Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Јуриј Гагарин“ од бр.87 до бр.97 во општина Карпош.

Top