недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 71 ново

Бенефиции за сите: Главниот град на Норвешка дава по 1100 евра

oslo

Поради големото загадување со кое се соочуваат, властите во Осло сакаат што порано своите жители да ги „префрлат“ на велосипеди. Воздухот оваа зима бил толку загаден што локалните власти биле присилени да издадат забрана за возење на дизел возила. Во јануари градските власти најавиле интересен поттик.

tocaci priroda

Имено, ќе делат околу 1100 евра на секој кој сака да купи електричен велосипед. Интересно е дека, сепак, критериум за поттикот не е обврска на новите сопственици на велосипеди да го намалат возењето со автомобил, па дури ни мали приходи.

Но, оние кои добијат поттик, ќе мора да „извадат“ уште толку, ако не и повеќе од својот џеб, бидејќи цените на електрични велосипеди се движат од 2200 до 5700 евра.Освен тоа, државата вложува и околу 950 милиони евра во велосипедска инфраструктура.

Top