петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 101 ново

Судир на два мотори, тешко повреден тинејџер

motor soobrkjajka

Седумнаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа во која учествувале два мотори. Сообраќајката во полиција била пријавена вчера околу 15:30, а се случила на локалниот пат кај струмичко Василево.

Несреќата се случила при судир на мотор „Лифан” и непозната марка мотор, кои биле управувани од две момчиња на возраст од 15 години од Василево.

Тешко повреден во сообраќајката е 17 годишник кој бил сопатник на момчето кое управувало со моторот „Лифан”. По укажаната лекарска помош во струмичката болница, е препратен на скопските клиники.

Top