петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Додека зборувала на мобилен, ја удрил одзади и и го украл телефонот и златна обетка

по

Физички е нападната и ограбена деветнаесетгодишна девојка од штипското село Таринци од непознато машко лице, додека синоќа во 20:30 часот се движела по ул. „Радански пат“.

Во Полициската станица во Штип девојката пријавила дека додека се движела  по улицата и разговарала на мобилен телефон, напаѓачот  одзади со рака ја удрил во пределот на главата, од што паднала на земја. Откако паднала насилникот и го одзел телефонот и златна обетка, по што побегнал, информира МВР во редовниот Билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Top