недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 8 ново

Нов закон: Збогувајте се со дизел возилата!

„Дизел возилата нема да исчезнат изненадно, но, по овогодинешната работа, прилично сум уверена дека ќе исчезнат многу побрзо отколку што можеме да замислиме“, изјави европската комесарка за индустрија Елизабета Бјенковска.

Европскиот парламент ги усвои строгите прописи кои имаат за цел да го спречат повторувањето на Фолксваген скандалот со манипулациските емисии на штетни гасови.

За Нацрт законот, кој ќе ја засили контролата во Бриле ќе овозможи изречување на казни на автомобилските производители во износ до 30.000 евра, по возило, гласаа 585 пратеници, додека од нив 77 беа против, пренесува Ројтерс.

„Новите мерки на крајот ќе ги отстранат дизел автомобилите од патиштата.

„Дизел возилата нема да исчезнат изненадно, но, по овогодинешната работа, прилично сум уверена дека ќе исчезнат многу побрзо отколку што можеме да замислиме“, изјави европската комесарка за индустрија Елизабета Бјенковска.

Според новио закон, автомобилската компанија повеќе нема директно да врши уплаќа на агенцијата за тестирање, а членките на ЕУ ќе мораат да ги финанстираат центрите за тестирање на издувните гасови.

Официјален Брисел, така, ќе добива овластување да спроведува контрола на возила и дека ќе одреди казна во случај на прекршок.

Овој закон, сепак, треба да биде финализиран во преговорите со европските парламентарци, ЕК и земјите членки.

Како одговор на скандалот на VW, од септември 2015 година, која во своите 11 милиони автомобили ширум светот инсталираше софтвер за манипулација на емитување на штетни гласови, Европската комисија предложи да се измени прописот во врска со начинот на кој се лиценцираат и тестираат возилата во ЕУ.

Овој закон засега не е стигнат во Македонија, но како што почнал да се спроведува во другите земји, со време, дизел автомобилите ќе ги има во се помал број, па во далечна иднина нема да биде можно да ги купуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top