недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 67 ново

Ристовски: За прв пат по 50 години студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе биде комплетно реконструиран

 

– Со задоволство можам да истакнам дека еден од најсериозните фокуси во последните три години во рамки на функционирањето на Владата беше подобрувањето на студентскиот стандард и воопшто на подобрување на условите за функционалност и студирање на младите луѓе, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на ТВ Нова.

Тој додаде дека би ги издвоил реконструкциите и изградбите на деловите од студентските домови што беа едно од најклучните барања на младите во Република Македонија.

– Пред некој ден го официјализиравме завршувањето на градежните активности на вториот блок во рамки на студентскиот дом „Гоце Делчев“, познато како блок А, а минатата година беше комплетно реконструиран блокот Б. Со тоа сега имаме два комплетно реконстуирани блока од четирите во рамки на овој студентски дом, истакна Ристовски.

spiro-ristovski-1

– Студентите започнаа процес со нивно селење во текот на минатата недела, се очекува од понеделник да бидат во новиот студентски дел со што ќе остават слободни блоковите В и Г коишто ќе продолжат со реконструкцијата за којашто веќе има и Министерството склучено договор со фирма изведувач и на тој начин дефакто 1 400 легла во рамки на тој студентски дом, односно, сместувачкиот капацитет, посочи Ристовски.

Top