недела, 23 април 2017 | Вести денес: 100 ново

Обично селфи ѝ го спасило животот – преку него дознала дека ѝ се заканува подмолна болест

селфи

Девојка од Вулверхемптон ја забележала необичната промена на својот стомак како естетски недостаток кој ги уништувал нејзините селфи фотографии. Желбата да се ослободи од него и` помогнала да открие дека ѝ се заканувала една од најсмртоносните болести на денешницата.

21 – годишната Клои Џордан била незадоволна од своите селфи фотографии во бикини. Таа отишла на лекар за да се консултира за отстранување на големиот, темен младеж на стомакот, а докторот кој го извршил прегледот имал лоши вести за неа.

селсфи2

-Младежот го имав од раѓање, но почна да се менува на крајот од минатото лето. Мислев дека промената не е алармантна, но сепак одлучив да се консултирам со лекар. Најпрво му објаснив на докторот дека младежот ме нервира затоа што моите селфи фотографии во бикини станаа ужасни поради оваа промена. Не ни претпоставував дека всушност, мојот живот е во опаснос – раскажала Клои Џордан, пренесува „Daily Mail”.

На почетокот сакала да дознае дали воопшто е неопходно да направи операција. Тогаш лекарите од болницата во Вулверхемптон ѝ наредиле итна операција и биопсија поради сомнеж дека станува збор за меланом кој се шири.

Лекарите најпрво се посомневале дека меланомот настанал поради претерано изложување на сунце или чести посети на солариум, но Клои рекла дека во текот на годината се сончала два до три пати и дека е горда на својот блед тен.

-Никогаш повеќе нема да излезам на сонце, бидејќи и најмалото зрачење е многу опасно- рекла Клои.

селсфи3

По отстранувањето на меланомот, Клои објавила фотографија од лузната на социјалните мрежи. Таа вели дека на тој начин сака да им го привлече вниманието на сите кои претерано се изложуваат на сончевите зраци. Нејзината операција била извршена на 24-ти март, а сега тим од лекари одлучуваат за понатамошните чекори за апсолутно да ја излекуваат подмолната болест.

Top