сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 76 ново

ЦИА има нов директор

Американскиот Сенат го потврди Републиканецот Мајк Помпео за нов директор на ЦИА, откако Помпео беше предложен за таа функција од новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Помпео ја доби поддршката и покрај загриженоста на некои од сенаторите дека би можел да го прошири надзорот, или да дозволи користење на некои техники за испрашување кои што се сметаат за измачување, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

За Мајк Помпео гласале 66 сенатори, додека против неговиот избор за прв човек на најмоќната разузнавачка агенција на светот гласале 32 сенатори од кои што во најголем дел се членови на Демократската партија. Новиот директор на ЦИА, потоа положи заклетва пред потпретседатело на САД, Мајк Пенс.

 

Top