вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Ристовски: Продолжува мерката патување за најдобрите студенти

Најдобрите студенти од првите три рангирани универзитети во Република Македонија, во согласност со Законот за високото образование и годинава ќе имаат можност бесплатно да патуваат и престојуваат на атрактивна туристичка дестинација во Европа, објави на својот профил на „Фејсбук“ заменик- министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

spiro-r-1-360x523

За оваа намена Министерството за образование и наука веќе го објави јавниот повик, кој ќе биде активен за пријавување до 13 април, а на избраните кандидати во целост ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана, авионски превоз.

Патувањето за најдобрите студенти е една од 40 мерки за млади што беа најавени минатата година и интензивно се реализираат.

Top