вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 64 ново

Калид Масуд е напаѓачот од Лондон

Полицијата го соопшти името на терористот кој вчера изврши напад во Лондон. Станува збор за Калид Масуд (52) кој е роден во Кент.

Според податоците објавени од Скотланд Јард тој не бил предмет на истрага и не постоеле никакви разузнавачки информаци за неговите терористички намери.

Сепак, Масуд имал полициско досие за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување на тешки телесни повреди и поседување на оружје. Тој прв пат бил обвинет во 1983 година, а последен пат во декември 2003 година за поседување на нож.

Полицијата вели дека тој никогаш не бил обвинет за за тероризам.

Top