недела, 23 април 2017 | Вести денес: 76 ново

„За заедничка Македонија“ во Гевгелија: Да се отстранат двојазичните патокази

Гевгеличани и вечерва со протестен марш по главните градски улици ја подржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, потврдувајќи на тој начин дека сакаат мултиетничка, заедничка држава со сите свои обележја, а не нејзино редефинирање по некаква тиранска платформа скроена во друга држава.

Учесниците на протетот во Гевгелија категорично рекоа не за двојазичноста и жолчно реагираа на незаконски поставените двојазични патокази за кои побараа веднаш да се отстранат и да се поведе кривична одговорност против директорот на ЈП „Македонија пат“ Дајур Кадриу и негово санкционирање.

Поради ова, гевгеличани го повикаа и јавниот обвинител да утврди обвинителен акт за злоупотреба на службената должност и самовластие од страна на директорт Кадриу и бараат патоказите безусловно да бидат отстранети.

Top