среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 68 ново

Чавков за Дојче веле: полицијата на потребното професионално ниво за обезбедување на јавната безбедност

Во пресрет на утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници – Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, но и во пресрет на координативна средба во парламентот, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, за Дојче веле посочува дека „како и досега, така и утре полицијата ќе биде на потребното професионално ниво за обезбедување на јавната безбедност“.

-Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства- вели Чавков.

На прашањето од германскиот сервис дали полицијата гарантира дека пратениците нема да бидат оневозможени да влезат или да излезат од Собранието, со оглед на разни најави за блокирање на приодите во законодавниот дом, Чавков е дециден: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот“.

Top