четврток, 23 март 2017 | Вести денес: 146 ново

Исповед на познатиот актер: Знам дека крајот ми се ближи

Знам дека деновите ми се одбројани и навистина сум загрижен за тоа, призна легендарниот британски актер сер Мајкл Кејн во неговото последно интервју за „Сан“.

Осумдесет и четиригодишниот Кејн вели дека е на посебна диета и од исхраната ги исфрлил шеќерот, глутенот и солта. Главна цел му е да доживее да ги види внуците пораснати.

Во моментов здравствената состојба на актерот, кој боледува од рак, се подобрува и тој симнал неколку килограми.

– Морав да престанам да пијам алкохол и секогаш го барам она што е најдобро што можам да го направам против ракот, да јадам нешто или да направам нешто или пак да не направам нешто. Веројатно ќе се онесвестам додека ви зборувам, но знаете јас намалив 13 кг, само затоа што сакав да ги видам внуците. Тие се близнаци на 6 и момче на седум години – вели Кејн.

1164-17379768_10155213914532164_1416166977_o

Шакира, 70-годишната сопруга на актерот, е цврсто до него и му помогнала многу да се ослободи од навиката да пие.

Top