сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 18 ново

Кичево „За заедничка Македонија“: Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство

На платото пред Домот на културата во Кичево и денеска продолжи грѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија“. На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанското здружение рече ддека нивната борба за Македонија не престанали и никогаш нема да престане.

– Овој народ што секојденвно се собира низ цела држава е единствен и сплотен под едно знаме – знамето на Република Македонија. Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство. Симболите на Македонија се симболи на нашето оптојување и никој нема право да се пазари со нив, рече Силјаноски.

Мирните и достоинствени протести, додаде, ги продолжуваме и вечерва и ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави.

По неговото обраќање протестот продолжи со марш низ улиците на Кичево.

 

Top