четврток, 23 март 2017 | Вести денес: 146 ново

Три лица уапсени во Истанбул за нападот врз панаѓурот во Берлин

Три лица поврзани со нападот врз божиќниот панаѓур во Берлин на крајот на минатата година, се уапсени на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јави турската приватна телевизија Еи-Ен-Ен Турк.

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека тројца уапсени биле во контакт со напаѓачот од Берлин.

Тројцата уапсени на аерордомот „Ататурк“ се идентификувани како Мохамед Али Кан, Јусеф Даруиче и Билал Јусеф Махмуд.

Одговорноста за нападот на 19 декември на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 лица, а десетици беа ранети, ја презеде групацијата Исламска држава.

Извршителот на нападот, Тунижанецот Анис Амри беше убиен во престрелка со италијанската полиција крај автобуска станица во предградие на Милано на 23 декември

Top