вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 107 ново

Љубиша Георгиевски: Заев нема да се осмели да го прекрши ветувањето што го даде на Албанците (видео)

Вељаноски утре на координација ќе собере само горчина, предвидува поранешниот претседател на Парламентот, Љубиша Георгиевски, прашан што очекува утре да се случува во законодавниот дом. Според него без разлика каков ќе биде соодносот во комисијата за избори и именувања за која утре ќе договараат партиите, Македонците ќе бидат надгласувани на сила.

Во политичкиот магазин „Кворум“ на РСМ, Георгиевски освен за утрешната координација, зборуваше и за посетата на Хан и за предлогот кој го најавува ВМРО-ДПМНЕ.

-Очекувам конструктивен предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Но што и да видиме стравот на Заев е толку голем, што и со воен оркестар да влезе во зградата на владата и девет години да владее и да биде незаменлив, тој нема да се осмели да го прекрши ветувањето кое им го даде на Албанците- анализира Георгиевски.

Поранешниот собраниски спикер е дециден дека излезот од оваа ситуација се само нови избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top