вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 1 ново

Многубројни активности за одбележување на Франкофонијата во Македонија

Францускиот институт во Скопје, на денешната прес-конференција по повод 20 март, Меѓународниот ден на франкофонијата, ги претставија активностите со кои ќе се одбележи фракнофонијата во Македонија.

Н.Е. г. Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, заедно со претставниците на земјите-членки на франкофонијата (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Швајцарија), претставник на Министерството за надворешни работи на Република Македонија одговорен за франкофонија, директорот на „Мериот хотел“ од Скопје и францускиот шеф-готвач Оливие Бепмал, ги претставија активностите во рамките на одбележувањето на месецот на франкфонијата и воедно ја потенцираа важноста на францускиот јазик – темелот на големото франкофонско семејство.

Вторник 21 март 2017 година, 19.00 ч. | Скопје „Мериот хотел“, „Дистрикт“ бар
Недела на француската кујна
Отворање на неделата на француска кујна во Скопје во „Мериот хотел“ во рамките на манифестацијата „Вкусот на Франција“.

Од среда 22 до петок 24 март 2017 | Центар за култура во Битола
Недела на француски филм во организација на Француската алијанса во Битола

Четврток 23 март 2017, 20:00 ч. | Македонски народен театар
Франкофонска вечер организирана од страна на Здружението на професори по француски јазик во Македонија (мала сала во МНТ)

Петок 24 март 2017, 20 часот | Младински културен центар
„Францускиот јазик, младите и можностите за работа“
10.30 ч. – Отворање на форумот: „Исто така, зборувам француски! – Им даваме збор на младите“
11.00 ч. – Прва тркалезна маса : „Францускиот јазик, неопходен за меѓународна кариера“
12.00 ч. – Говор на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и доделување на наградите од фото натпреварот „Зборувам француски“. Во присуство на амбасадорите на франкофонските земји.

12.30 ч. – Втора тркалезна маса: „Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“
13.30 ч. – Трета тркалезна маса: „Франкофонски универзитетски обуки достапни во Европа“
15.30 ч. – Работилница : „Специјализиран француски јазик: како и зошто да се предава?”
20 ч – Концерт на францускиот поп изведувач Шарл Батист

Понеделник 27 март 2017
14:00 ч.: Франкофонска средба со учениците во двојазичната паралелка во гимназијата „Корчагин“ од Скопје
20.00 ч. | Кафуле Концепт 37: Воведување на нови членови во редот на Компањоните на Божоле

Вторник 28 март 2017, 20:00 ч. | Кинотека на Македонија
Француски кино-клуб: „Окото на циклонот“ (2015), на Секу Траоре со Мајмуна Ндиај, Фаргас Асанде

Среда 29 март 2017
15.00 ч.: Франкофонска средба со учениците во двојазичната паралелка во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје (LabelFrancEducation)

19.00 ч. | кафе-бар Амбрела: „Брегови на прогонството“, вечер на читање франкофонска поезија организирана од Наташа Сарџоска, Алумни.

Четврток 30 март 2017: Активности во Битола
14.00 ч.: Франкофонска средба со учениците во двојазичната паралелка во гимназијата „Јосип Броз“ и на универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола
15.00 ч.: Отворање на анексот на француската алијанса во Битола

Петок 31 март 2017
13 ч. : Средба со младите франкофонски дипломати од Министерството за надворешни работи
19 ч. : Предавање на француски јазик, на филозофскиот факултет во Скопје, за императорката Марија Тереза, организирана од Амбасадата на Австрија

Сабота 1 и недела 2 април 2017 | 20.30 ч. | Македонска опера и балет
Концерт на славниот француски пијанист Ришар Клајдерман 

Четврток 6 април 2017
Француски киноклуб организиран од здружението „Лоја“ во Тетово
Проекција на филмот „Љубовни песни“ на Кристоф Оноре

Петок 7 април 2017, 16 ч. | Македонска академија на науките и уметностите
Предавање на Седрик Вилани, познат француски математичар и добитник на светското признание Филдс

Top