четврток, 23 март 2017 | Вести денес: 146 ново

Нов роман од Владимир Костов

Во едицијата „Современа македонска проза“, издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје го објави романот „Битолски триод“ од познатиот македонски писател Владимир Костов. На страниците од ова дело авторот  ја обра­бо­тува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели. Посебен акцент става на двегодишните бомбардирања на артирелијата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради,меѓу кои и ретки монументални градби на познатиот Широк Сокак.

Во романот „Битолски триод“ се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ, констатира Раде Силјан .

Top