вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 92 ново

Неверојатна моќ – Ванѓа знаела и кога ќе умре!

vanga

Слепата пророчица Ванѓа, го знаеле точниот датум кога ќе почине, уште пред да се разболи. Сепак никогаш не зборувала за начинот на кој ќе умре.

Необјаснивите настани на тој 11 август 1996 година, кога починала и денеска претставуваат мистерија.

Слепата пророчица починала во 85 година од животот од рак на дојката, од кој, според наводите на блиските пријатели, заболела после стресот на кој била изложена поради проблеми во изградбата на храмот во Рупитама кој таа го финансирала.Имено храмот е прогласен за незаконски и свештениците не сакале да го осветат. Црквата сепак била осветена, но останале критиките  дека парите на Ванѓа биле нечесно собрани.

Ванѓа од прв ден ја знаела својата дијагноза, но одбивала операција. Тоа било во склад со нејзиното уверување дека човечкиот живот  е однапред предодреден и дека ништо не може да се промени.

Нејзната здравствена состојба на 3 август се влошила, по што била сместена во болница. И било подобро, па на 10 август ги повикала роднините да се прости од нив и да им каже каде да ја погребаат. Утрото на 11 август рекла дека ги видела најблиските покојни, по што почнала да се гуши. Лекарите сакале да и направат рез на грлото за да диши, но во тој момент снемало струја и апаратите кои ја одржувале во живот престанале да работат. Во 10.10 на 11 август, Ванѓа заминала на дургиот свет.

Сите се прашувале како е можно болницата да нема резервен извор на енергија, поради што многумина се сомневаат дека била убиена со предумисла.

Top