недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес

Во вторник, 21 март, во 10 часот, по повод Светскиот ден на поезијата, по трет пат започнува акцијата „Плати со поезија“. Во Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Бекјард, Џус бар, Венето, Баду Бар во Скопје и во Чао Кафе во Велес љубителите на кафе и чај ќе можат да платат со поезија, a најдобрите поеми ќе добијат награди.

Познатите автори, кои се вклучени како главни поддржувачи на овој настан, и оваа година ќе бидат во потрага по најкреативните неоткриени „поети” кои ќе ги очекува несекојдневно и пријатно изненадување.

Top