сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 50 ново

Синот на Шабан Шаулиќ тешко болен – соседите му помагаат за да преживее

Роберт Шаулиќ, вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ кој има 45 години е тешко болен и секој месец е во болница, Како што зборуваат соседите од Зрењанин, тие собираат пари за да има за лекови и храна. Буквално му помагаат да преживее, пренесуваат тамошните медиуми.

– Роберт е болен, постојано е по лекари и тешко живее. Не знае колку долго ќе издржи ако продолжи да му се влошува здравјето, зборуваат соседите и продолжуваат:

– Роберт е добрар човек и жал ни е тоа што му се случува и што живее така, но можебеи Бог ќе направи да му се случи некое чудо и некој да му помогне. На сето тоа тој работи кога може, брзо се уморува од болеста, па не може да работи многу време, но сепак му успеава да заработи некој денар. Чува стари и болни луѓе, па тие му даваат пари. Сега, бидејќи здравјето му се влоши кој знае дали ќе може и тоа, открива соседот на Роберт.

Шабан го доби Роберт пред да ја запознае сегашната сопруга Гоца, со жена со која бил многу кратко во врска, а која после породувањето му се јавила дека добиле син. Шабан Шаулиќ никогаш не бил сигурен дали детето е негово или не, но сепак тој и помагал и го признал нејзиниот син.

– Јас него го признав, а не знаев ни дали е мој или жената ми го подметнува. До неговото полнолетство плаќав алиментација и имаше се од мене, а после секој продолжува со својот пат, рекол Шабан Шаулиќ.

Top