сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 18 ново

Слават оние кои се венчале лани – еве како треба да се спремите за Младенци!

mlade

Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.

Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот.

Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обиај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Се верува дека какво ќе биде времето за Младенци, таква ќе биде цела пролет.

Top