вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 1 ново

Од утре значително намалување на цените на сите горива во Македонија

Бензините и дизелот поевтинуваат за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,50 ден/лит.

Top