среда, 26 април 2017 | Вести денес: 36 ново

НовоЛото 7/34 збогати тетовец за 10 милиони денари

Marjana sedumka22 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.
Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.
Инаку само пред три кола во Тетово беше уплатена и добитна комбинација за добивката 6+1 , но во среќното место Детектив 001 во Веро – Тетово.

Среќниот добитник на седумката го очекуваме во посета на Државна лотарија на Македонија , и со нетрпение ја очекуваме неговата приказна за неговите среќните броеви .
Оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија .
Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над 600.000 денари , бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

Top