понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Стопанска комора: Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот

­

Stopanski komori

Сивата економија и брзото менување на регулативите се уште се најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија. Како што беше речено денеска на прес­конференција во Стопанската комора, за фирмите е посебно тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, а не помали пречки им се и правата и обврските од законите за даночна и царинска политика, животна средина и урбанизам. ­

– За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо­сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Стартот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората.

Инфо­сесиите се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар Интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Целна група се сите микро, старт­ап, мали и средни претпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании. ­

– Целта е двојна, подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените кои фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи, нагласи директорот на „Епицентар Интернационал“ – Скопје Љупчо Димовски.

Top