понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 52 ново

Оливер Спасовски на распит во Обвинителство

Oliver-Spasovski-1
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, потврдуваат за Алсат-М од таму.

Предмет на истрага на обвинителството се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата. Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во четвртокот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отворило две истражни постапки против поранешни функционери на МВР од локалната самоуправа и високи функционери од „одредена политичка партија“, кои се товарат за поткуп на гласачи во две изборни единици за време на изборите во април 2014 и во декември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top