петок, 26 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Мунир стрелаше против Барса па се извини (видео)

munir el hadadi

Мунир Ел Хадади важи за „дете на Барса“, па на овој фудбалер не му беше сеедно кога во финишот од првото полувреме го замолкна „Камп ноу“ постигнувајќи гол за Валенсија за израмнување на 2-2.

Веднаш откако топката заврши во мрежата Мунир не славеше, туку ги склопи рацете во знак на извинување до екс-соиграчите и до навивачите на својот поранешен клуб. Впрочем, Мунир е во Валенсија на позајмица, па не се исклучува можноста тој летово да се врати на „Камп ноу“.

Овој млад голгетер сезонава постигна пет погодоци за Валенсија во Примера, што е повеќе од головите што ги постигна за Барса во елитното шпанско фудбалско друштво во претходните две сезони (четири погодоци).

Top