петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 17 ново

Водител во емисија во живо „случајно“ нацрта пенис и стана хит на интернет (Видео)

Унгарскиот спортски аналитичар во емисијата „Треш Ток“, додека во живо даваше стручни коментари за НХЛ хокејарскиот натпревар помеѓу Колорадо и Винипег, „случајно” нацрта пенис, па ги насмеа сите.

И иако тој ја задржа ладнокрвноста, додека неговите колеги „паѓаа“ од смеа, ретко кој верува дека ова било случајно.

На социјалните мрежи се покренаа расправи, а некои претпоставуваат дека станува збор за облог.

-Можеби на половина пат тој и сфати дека ја згреши работа, па реши да го одигра тоа до крај.
– И Жените своите емисии ги рекламираат со задници и гради, а машките се снаоѓаат како знаат и умеат, се само дел од коментарите.

Top