недела, 23 април 2017 | Вести денес: 76 ново

ЕУ во паника – терористи пристигнуваат преку Балканот

isla

Безбедносните служби на земјите од Европската унија се ставени во состојба на максимална тревога поради заканата од нови терористички напади на исламски терористи, кои доаѓаат преку Балканот, пишува италијанскиот весник „Република“.

Терористите поради поразите ја напуштаат исламска држава во Сирија и Ирак и се обидуваат, особено преку балканските рути, да стигнат до западна Европа со задача да вршат напади, објавува весникот, посочувајќи дека Европската унија ги блиндира своите граници, особено откако на аеродромот Орли во Париз беше убиен исламски терорист.

Република истакнува дека сите безбедносни сили на ЕУ се во состојба на најголема подготвеност, вклучувајќи ја и Италија која на 25-ти март во Рим ги пречекува шефовите на државите и владите на ЕУ.

Top