вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 86 ново

Терористите од Брисел поседувале оружје доволно за нов напад

­

napad

Терористите, кои ги извршија терористичките акции во Брисел пред една година, оставиле скриен арсенал, доволен за извршување нов напад, јавија белгиски медиуми. Податоците се од извор близок до истрагата и биле извадени од компјутер, фрлен од напаѓачите, непосредно пред нападите на аеродромот и во метро станица во Брисел.

Според иследниците, во гаража што ја користеле терористите биле сокриени четири автоматски пушки, две бомби, две експлозивни направи и радиостаници. Снимка од разговорот меѓу терористите и нивниот обучувач во Сирија покажува дека арсеналот е на располагање, доколку се појават нови лица, кои сакаат да извршат напади

Top