петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 17 ново

Головкин ја одбрани титулата, првпат по девет години борбата заврши без нокаут (видео)

genadi golovkin

Казахстанскиот боксер Генади Головкин ја одбрани титулата светски првак во средна категорија во верзијата ВБА и ВБЦ. Тој со едногласна одлука на судиите после 12 рунди го победи Американецот Даниел Џејкобс.

Казахстанецот Головкин во својата кариера забележа 37 победи од исто толку борби, а 33 ги доби со нокаут. Џејкобс стави крај на серијата од 23 победи во серија со нокаут за Головкин, но не успеа да го совлада.

Последната победа на поени Казахстанецот ја имаше во 2008 година на мечот против Алжирецот Амар Амари.

Top