вторник, 25 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Продолжение од „Планета на мајмуните“ во јули 2017 година

Франшизата „Планета на мајмуните“ не престанува да не изненадува. Новото продолжение е во јули 2017 година.

Во третиот дел од популарната, блокбастер франшиза, заедницата на генетски модифицирани мајмуни кои ги предводи интелегентниот шимпанзо Цезар, влегува во крвава пресметка со војската луѓе предводени од немилосрдниот Полковник.

unnamed

По незамисливиот пораз со кој се соочува заедницата мајмуни, Цезар доживува несреќа и ја ослободува својата мрачна страна, која раѓа желба за борба која ќе ја освети неговата раса. Во крајна линија, неизбежната пресметка помеѓу Цезар и Полковникот  доведува до очекувана војна која ќе ја одреди судбината на луѓето, мајмуните и целата планета.

За режисерот на филмот Метју Ривс ова е второ продолжение од„Планетата на мајмунитена која работи и признава дека неговата желба и ентузијазам спрема оваа приказна не згаснуваат. Ривс откри дека пред почетокот на пишувањето на сценариото, ги погледнал сите делови повторно, а особено филмот од 1973 год ,,Битката за планетата на мајмуните кој беше основа за новото продолжение.

unnamed

Филмот ќе се најде во домашните кина од 14 јули, 2017 година, а во главните улоги ќе ги гледаме Вуди Харлсон, Стив Зен и Енди Серкиз, кој го гледавме и во последните две продолженија од  овој филм.

Top