четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 126 ново

Меркел: Сакаме отворени пазари и слободна трговија, а не бариери

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека Германија има решителен став за одбрана на слободната трговија и отворените пазари, во момент кога САД водат се попротекционистичка политика.

– Ние навистина сакаме отворени пазари, слободна трговија. Ние сме против секакви бариери, но во епохата на интернет ние сакаме да ги поврземе нашите општества едно со друго и да им дозволиме да тргуваат во чесни услови, истакна Меркел на отворењето на Меѓународниот саем за информатички и телекомуникациски технологии „ЦеБИТ 2017“ во Хановер.

Таа ја поздрави изјавата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој нагласи дека ЕУ и Јапонија треба набрзо да постигнат економски договор.

– Добро е што Јапонија сака договор за слободна трговија, изјави Меркел, додавајќи дека би сакала Германија да биде „движечка сила“ за неговото постигнување.

Top