недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 54 ново

Викендов во Скопје дури 32 сообраќајки, тешко повреден велосипедист

padnat tocak

Велосипедист е тешко повреден, а 26 лица се здобиле со полесни повреди во 32-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните 10 сообраќајки во петокот, во четири полесно се повредени седум лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата, пак, се случиле 11 сообраќајни незгоди, при што во осум несреќи полесно се повредени 10 лица. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани 11 сообраќајки, три со материјална штета, а седум со последица телесни повреди, при што полесно се повредени девет лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 212 возачи  кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење,12 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, петмина  поминале на црвено светло на семафор, 88 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 99 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и  24 пешаци  кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 93 непрописно паркирани возила.

Top