вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 126 ново

Да ги чуеме и видиме лицата со Даунов синдром: Облечете шарени чорапи и покажете солидарност

Годинашното одбележување на Светскиот ден на Дауновиот синдром 21 Март во Македонија ќе биде вечерва во Кинотеката во Скопје, каде ќе се одржат неколку настани под мотото „Мој глас, моја заедница“ (#MyVoiceMyCommunity) – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата. Организаторите од Центарот за Даунов синдром ги повикуваат сите што ќе дојдат вечерва да облечат шарени чорапи и да обојат шарени нокти за да покажат солидарност со лицата со Даунов синдром.

Со почеток од 19 часот, во Кинотеката во Скопје ќе бидат промовирани неколку кратки видео записи и ќе се отвори изложбата фотографии „Нераскажани приказни“ на фоторепортерот Огнен Теофиловски. Ќе биде презентирано и видеото на УНИЦЕФ во кое се јавува фармацевтскиот техничар со Даунов синдром Нина Костовска.

00007295

– Во 2017 година, сите заеднички треба се фокусираме на оспособување на луѓето со Даунов синдром (и нивните гласноговорници) да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат вклучени, целосно и на еднакви основи со другите, во сите аспекти од општеството – вели Ида Мантон, претседателка на Центарот за Даунов синдром.

Според Мантон, секоја година гласот на луѓето со Даунов синдром и оние кои живеат и работат со нив, станува сѐ погласен.

– Down Syndrome International нѐ повикува сите нас, од различни краеви на светот, да одбереме активности и настани кои ќе помогнат во подигање на јавната свест за тоа што е Дауновиот синдром, што значи да имате Даунов синдром и како луѓето со Даунов синдром ги збогатуваат нашите животи и нашите заедници – додава Мантон.

Top