вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Светски ден на раскажувањето сказни: За првачињата ќе се читаат „Бајки од Македонија“

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ организираат средба со деца-првачиња кои ќе слушнат приказни од едицијата „Бајки од Македонија“.

Приказните кои произлегуваат од усната раскажувачка традиција во Македонија на најмладата популација ќе им ги раскажат млади актери.

– Волшебните приказни од оваа едиција претставуваат модернизиран и адаптиран приказ на сказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, а публикувани од издавачката куќа „Арс ламина“, соопштија организаторите кои на настанот ќе објават и донација за градските библиотеки низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top