среда, 29 март 2017 | Вести денес: 144 ново

За Федерер нема зима, стана најстариот тенисер што освоил Мастерс турнир

Роџер Федерер дефинитивно доживува втора младост.

Никој на почетокот на оваа сезона неможеше да замисли дека најдобриот тенисер на сите времиња ќе освои некој турнир, а по само два месеци веќе се заќити со две титули. По првата на грен-слемот во Австралија, Федекс успеа да слави во финалето и на Мастерсот во Индијан Велс над својот сонародник и добар пријател Станислас Вавринка со 2-0 (6-4, 7-5) во сетови.

По раните елиминации на главните фаовирити на овој турнир Енди Мареј и бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, Федерер ја искористи шансата без посериозни проблеми стигна до титулата без загубен сет.

Во финалето одигра како во најдобрите денови и воопшто не му даде шанса да Вавринка да се понадева на титулата. По првиот сет направи брејк во клучен момент, а во вториот и покрај тоа што загуби свој сервис веднаш се врати освои три гема во низа за предност од 3-2 која успешно ја сочува до крајот и во клучниот 12 гем го нападна сервисот на противникот и по само првата меч-топка славеше победа.

Ова е петта титула за Федерер на Индијан Велс, а најави дека ќе се обиде да го пвотори успехот и следната година.

Веќе од утре Федерер ќе биде шести тенисер во светот, а шансата за напредок на АТП-листата ќе се обиде да ја искористи на следниот Мастерс во Мајами, бидејќи повторно има отворен пат до финалето затоа што Мареј и Ѓоковиќ го откажаа учеството поради повреди.

Top