вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 92 ново

Рома подобра од Сасуоло на „Олимпико“ (видео)

roma

Рома се задржа на второто место на табелата во Серија А откако „волчицата“ вечерва славеше со 3-1 над Сасуоло во последниот натпревар од 29. коло во елитното италијанско фудбалско друштво.

Гостинскиот напаѓач Дефрел најави изненадување откако во деветтата минута постигна прекрасен погодок од петнаесетина метри. Сепак, гостите со тоа само ја налутија „волчицата“, избраниците на Спалети заиграа многу подобро и израмнија на 1-1 преку Паредес, пред борбениот Салах во самиот финиш од полувремето да го комплетира пресвртот.

Един Џеко втор меч по ред влезе во игра во второто полувреме, но статусот на резерва дефинитивно не му пречи на Босанецот, кој повторно се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 3-1.

Рома ја одржа предноста од два бода во однос на третопласираниот Наполи, но со големи осум бода заостанување зад лидерот Јувентус.

Top