среда, 29 март 2017 | Вести денес: 143 ново

Барса се мачеше со Валенсија, но стигна до три бода на „Камп Ноу“ (видео)

barcelona

По поразот во претходното коло на гостувањето во Ла Коруња, Барселона повторно се врати на победите славејќи во 28. коло на домашен терен против Валенсија со 4-2.

Каталонците го скршија отпорот на Валенсија во второто полувреме, откако првиот дел заврши 2-2. Најпрво Мангала во 29. минута ги донесе гостите во водство, а израмни Суарез во 35. минута. Меси стрелаше во 45. минута од пенал за водство на Барса, но веќе во следната минута Ел Хадади израмни за израмнето полувреме.

Победата на Барселона во вториот дел ја најави Меси во 52. минута а на 4-2 ја заокружи Гомес во 89. минута.

Со новите три бода Барселона има 63 бода, два помалку од водечкиот Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Top