сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 31 ново

Србов: Институција од Вашингтон покренува истраги за медиуми во Македонија (видео)

„Ние сме во ситуација кадешто институција од Вашингтон покренува истраги за одредени медиуми во Македонија, конкретно тоа е институцијата Judicial Watch која е невладина организација, и во неа членуваат едни од најмоќните правници во Соединетите Американски Држави и води големи случаи. Токму таа организација покрена истрага за Американската амбасада во Македонија, и за како се вмрежувале парите на УСАИД со парите на Џорџ Сорос преку фондацијата Отворено Општество“, посочи Србов.

Тој додаде дека во истрагата се наведени речиси сите опозициски медиуми во Македонија.

„За мене како граѓанин во оваа држава таа истрага ми е порелевантна отколку истрагата на Јанева. Доведени сме во ситуација да амбасадорот на САД во Македонија да врши еден вид на нарачки, или, да дава правец на СЈО да истражуваат медиуми додека неговиот работодавец отвара истраги за сосем други медиуми“ изјави Србов.

Top