понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Груевски: Државата е нападната, потребно е народот да си ја одбрани

Државата е нападната, потребно е народот да си ја одбрани.
Државата може да ја снема ако се остави на Заев и неговите сценаристи да го споревдат овој план, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Ова е план кој може само народот да го спречи. Потребно е народот да ја одбрани својата држава, затоа што може да ја нема. Државата може да ја нема ако се остави на овој човек и неговите сценаристи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5.

Груевски во интервјуто вели дека сценариото кое Заев го спроведува во Македонија има за цел рушење на унитарноста на државата. Тој вели дека лидерот на СДСМ е подготвен да се пазари со националните и државни интереси, немајќи намера да отстапи од штетните политики и договори, бидејќи на тој начин Заев ќе се спаси од криминали во кои е заглавен.

Груевски говореше за актуелната политичка состојба, како и за хајката која СЈО ја спроведува по налог на СДСМ на чиј удар се најдоа медиумите во обид да се замолчат, како и членови од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога вели дека не е поврзан со СЈО, Заев лаже, рече вечерва во ТВ-интервјуто на Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-За да се спроведе агендата на СДСМ, е да се нападнат медиумите кои гласно говорат за ризиците во кои влегува Mакедонија, а втората работа е да се загуши ВМРО-ДПМНЕ преку преку истраги и обвенинја. СЈО прави секој ден да сме на суд, некои функционери во притвор, па други да протестираат и на тој начин целата јавност и ние да се дефокусираме од парламентот и да не се занимаваме со промена и идентитетот по грчки терк. Акцијата е планирана така што да се нападне партијата, да се заплени имотот на партијата, да се блокираат средствата. Под закана се и другите медиуми и клучната политичка партија која ги штити македонските интереси.

Top