недела, 26 март 2017 | Вести денес: 0 ново

Премиернa проекција на “Железната приказна” во МКЦ

Во МКЦ (киното Фросина) се одржа премиерата на краткометражниот игран филм “Железната приказна” во режија и по сценарио на Златко Калеников.

Главните улоги  во филмот ги толкуваат: Јелена Јованова Периќ, Бајрам Северџан, Моника Бошковиќ, Катина Иванова, Диме Илиев, Предраг Павловски, Игор Спироски.

„Железната приказна“ третира една актуелна тема, а сценариото беше инспирирано од еден текст во рубриката за криминал во весниците пред 7 години. Ми требаше итро, харизматично и убаво девојче кое ќе го носи филмот, и ја најдов Моника. Додека пак кога го пишував сценариото еден од ликовите го пишував токму за Бајрам Северџан. Тогаш не знаев дали ќе го добијам, но бев упорен и успеав да го ангажирам – вели режисерот Калеников.

Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.

Сценариото и режијата се на Златко Калеников, а авторската екипа ја сочинуваат: Дејан Димески – директор на фотографија, сценографија Кирил Спасески, костимографија  Жаклина Крстевска, монтажата е на Атанас Георгиев, а кастингот на Катерина Грубач. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска.

Филмот е продуциран од Стримон Филм Скопје и е во копродукција на  ФX3X.

Старо железо се снимаше на повеќе интересни локации во Скопје, Хидрометеролошки Завод, Керамидница, Центарот на Скопје, Кејот на реката Вардар, Фитнес Центарот Синерџи, Здравствен дом Скопје/ Идадија, Депо на Македонски Железници Скопје итн.

Филмот  е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија. Поддржан е и од Асоцијација Иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје и од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС.

Top