вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија

Македонскиот скијач Бојан Трајковски освои сребрен медал на Зимските олимпски игри на Специјална олимпијада во Австрија во дисциплината супервелеслалом во категоријата нов ајс, односно почетници.

На трката во Шладминг, тој го освои второто место со време од 00:31,56, зад победникот Хаел Хардинес од Аргентина (00:31,41). Трајковски, кој е придружуван од тренерот Јован Јовановски, е единствен македонски претставник во Австрија и ќе настапи и на трката во велеслалом и слалом. Во македонскиот им е уште и Аган Реџепагиќ, кој е водач на делегацијата.

Трајковски утре, на 21 март, ќе вози велеслалом, во девет часот.

bojan-trajkovski-super-g-843894389

Трајковски пред заминувањето изјави дека во Македонија од Олимпијадата во Австрија ќе се врати со медал.

На годинашните ЗОИ на Специјалната олимпијада ќе учестуваат 2.700 спортисти, 1.100 тренери и 3.000 волонтери. Ова се најголемите ЗОИ на Специјална олимпијада воопшто досега бидејќи ќе учестуваат 111 нации. Екипата на Македонија е најмалубројна на овие ЗОИ. Ова е трето учество на Специјална олимпијада Македонија на ЗОИ, по она во Кореа и САД.

unnamed (1)

Натпреварите ќе се одвиваат во Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а спортистите ќе се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизагање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, сноубординг и стикшутинг.

Целите на годишнашните Зимски олимписки игри Австрија 2017 се: јакнење на човековите права, зголемување на бројот на учесници во новите спортови  и создавање на партнерски програми.

unnamed

Top