вторник, 24 октомври 2017 | Вести денес: 29 ново

Зидан: Роналдо е како сите други играчи, може да биде заменет ако така одлучам!

ronaldo

Синоќа, Реал Мадрид на „Сан Мамеш“ стигна до три големи бода во борбата за титулата во Примера. Со 1-2 беше совладан Атлетик Билбао, но мечот остана во сенка на одлуката на Зинедин Зидан во 79. минута од игра да го извади Роналдо, а тој видно разочаран го напушти тренерот. По мечот францускиот стратег јасно изјави дека Роналдо има статус во тимот како секој друг играч и кога е потребно и тој ќе биде заменет.

– Го внесов во игра Иско со цел да ја зајакнам средината, за рутински да го завршиме мечот. Роналдо има статус како сите играчи и може да биде заменет како сите. По завршувањето на мечот беше среќан, бидејќи тимот освои клучни три бода – вели Зидан.

Португалскиот ас синоќа не постигна гол, но беше асистираше на двата гола на Бензема и Каземиро.

Top