петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 109 ново

Вооружен напаѓач се обидел да влезе во Белата куќа, тврдел дека има бомба

Тајните служби на САД уапсија човек кој се обидел да влезе во Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп во тоа време не бил во зградата, пренесе „Гласот на Америка“.

Според извештаите вработените на тајните служби успеале брзо да да го уапсат сторителот. Мотивите на осомничениот сé уште не се јасни.

Тој минал низ контролниот пункт на Белата куќа и тврдел дека има бомба во автомобилот.

Досега нема потврда дека граѓанинот носел експлозивна направа, но неговиот автомобил е целосно пребаран. Случајот уште се истражува.

Top