недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 54 ново

Маж ја задавил жената па се самоубил

Во саботата во Србија се случи страшна семејна трагедија, кога маж си ја задави жената, по што се обесил.

Српски „Курир“ пренесува дека во 22 часот синоќа, 55-годишен маж чиј идентитет уште не се открива, ја задавил со сопствени раце сопругата, а потоа си го одзел животот. Убиството и самоубиството се случиле во станот каде живееле како кираџии, на улицата „Иван Милутиновиќ“.

Засега не е познат мотивот ниту пак детали за случајот.

Top