сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 57 ново

Напаѓачот од Париз: Носел канта бензин и викал дека ќе умре за Алах

Радикалниот муслиман кој вчера нападна војници на парискиот аеродром Орли носел канта безин и викал дека „ќе умре за Алах“, објави парискиот обвинител, Франсоа Молан.

Војниците кои биле сведоци на нападот, велат дека тој вперил воздушен пиштол во главата на војничката и викнал: „Фрлете го оружјето. Ставете ги рацете зад главата. Тука сум за да умрам за Алах. Вака или онака, ќе има мртви“.

Но, тие пукале и го убиле напаѓачот кого Молан го идентификуваше како Зеид бен Балгаце. Обвинителот соопшти дека во поврзаност со инцидентот се уапсени три лица.

Молан рече дека е отворена терористичка истрага, поради изборот на метата и доказите дека Белгацем бил радикализиран.

Полицијата ги привела братот и таткото на напаѓачот, соопштија судски извори, истакнувајќи дека тоа е рутина во вакви ситуации.

Западниот терминал на аеродромот „Орли“ повторно бил отворен вчера попладне, а јужниот терминал каде што се случил нападот е делумно затворен.

Top